НУ Камерниот оркестар Битола ја отвора втората половина од концертната сезона за 2025 година со организациска промена. На местото в.д. директор е именуван Љупчо Милевски.

Досегашниот в.д. директор, Дејан Цветковски, успешно ја извршуваше оваа функција и остави значаен белег во развојот на оркестарот за време на неговото раководење. Од институцијата му беше упатена искрена благодарност за неговата посветеност и придонес.

Со доверба и надеж, НУ Камерниот оркестар ја пречекува новата улога на Љупчо Милевски, кому му посакува успех во водењето на институцијата и во остварувањето на амбициозната уметничка мисија.

Оркестарот и понатаму останува доследен на својата цел – преку концерти и соработки да ја доближи класичната музика до публиката и да придонесе за зајакнување на културната сцена на Битола и регионот.