КАМЕН пред ПОРТА
(1971 година)
„БЕШЕ НЕКОГАШ во „ГЕНИ МААЛЕ“
Битола е најубавиот град во Македонија, но и пошироко на Балканот. Ние – БИТОЛЧАНИТЕ сме особено горди на тоа.
Исто така, Битола има повеќе „МААЛА“. Најстаро и најгусто населено битолско „МААЛО“ беше „ЈЕНИ МААЛЕ“. Во минатото, во него живееше исклучиво Македонско православно христијанско население. Населението го красеше:
1. СЛОГА,
2. Взаемно КОМШИСКО ПОЧИТУВАЊЕ и
3. Голем ПАТРИОТСКИ ДУХ.
„ПОДЗЕМНА РЕПУБЛИКА“
Името „ПОДЗЕМНА РЕПУБЛИКА“ на „Јени Маале“ му го дал Американскиот воен дописник Алберт Сониксен. Тој во 1906 година, два пати по 3 месеци престојуваше во Битола односно во „Јени Маале“. Алберт Сониксен беше пријатно изненаден од ПАТРИОТСКИОТ ДУХ на локалното население. Кога се врати во Америка тој ја напиша книгата „ИСПОВЕД на еден МАКЕДОНСКИ ЧЕТНИК“ – „CONFESSIONS OF A MACEDONIAN BANDIT“-1909 god. (Во неа „Гени Маале“ ќе го наречи „Подземна Република“),
Види: Книга, Исповед на еден Македонски четник, – ( „CONFESSIONS OF A MACEDONIAN BANDIT“, Алберт Сониксен -1909 god.).
КАМЕН пред ПОРТА
Во 50, 60 и 70 – тите години на минатиот век во „Гени Маале“ со минимални исклучоци, скоро пред секоја ПОРТА имаше КАМЕН. Фотографијата (1970/71 год.) е доказ за тој факт.
Во тој временски период, во ноќните часови на жешките Битолски лета на нив се седеше, пееше и се муабетеше често до раните утрински часови. Народот (Битолчаните – Генималци) беше среќен и весел. Тоа беа убави моменти од бурната младост на денес повозрасните Битолчани и Битолчанки односно Генималци и Генималки. А ДЕНЕС…! ?
„ГОРЧИНА во ДУШАТА“
Денес, состојбата е повеќе од загрижувачка-ќе речем ЖАЛНА. Ни КАМЕЊА пред ПОРТИ, ни ДЕЦА, ни ВОЗРАСНИ на улици. Голем е бројот на куќи со КАТАНЦИ на ПОРТИТЕ и известување дека КУЌАТА се ПРОДАВА.
Се поприсутна е „ГОРЧИНА во ДУШАТА“ на жителите – СТАРОСЕДЕЛЦИ.
ТМУРНИОТ ПОГЛЕД на „МОМЧЕТО“ од постот како да „говори“ за таа жална и загрижувачка состојба во која се наоѓа ова најстаро Битолско маало. Уште повеќе загрижува фактот што, слична односно АЛАРМАНТНА е состојбата и во другите Битолски маала. Битолчани: ГОСПОД да ни е НАПОМОШ.
ЗАКЛУЧОК
И за на крај – како заклучок нека бидат „сентименталните“ зборови од почетокот на постот:
„БЕШЕ НЕКОГАШ во „ГЕНИ МААЛЕ“.
Добри луѓе, Пријатели и Пријателки, Битолчани и Битолчанки бидете ми живи и здрави. Ви посакувам да имате, убав ден односно лесна ноќ било да се наоѓате во Битола, Македонија, Европа, Америка, Канада или во далечната Австралија. Поздрав.
Автор: Стефан Чекутков.