Калина Митева повторно блесна, го освои златото на меѓународен турнир во Грција

од July 3, 2026 0 коментари

Младата битолска пингпонгарка Калина Митева продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена. На турнирот што денес се одржа во Лерин, Грција, таа по вторпат го освои првото место и победничкиот пехар во категоријата девојчиња до 11 години, совладувајќи ги убедливо сите свои противнички.

Одличен настап имаше и Кристијан Митев, кој се пласираше меѓу осумте најдобри во категоријата момчиња до 15 години. По голема и неизвесна борба беше поразен од грчкиот репрезентативец, актуелен балкански шампион.

Солиден настап забележа и Марко Макаријоски. Иако не успеа да избори пласман во борбата за медал, тој остави добар впечаток, а настапот на силен меѓународен турнир претставува значајно искуство и дополнителен мотив за неговиот понатамошен развој.

Натпреварувањата продолжуваат и утре, кога македонските претставници ќе настапат и во останатите категории.

Babam Bitola

Comments are closed.