Продолжува периодот на нестабилно време кое го условува циклонот ФЛОРИЈАН.

Особено локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има во попладневните и во раните вечерни часови кога локално можна е и поретка појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваатво интервалот од 29 до 35, 36 степени но поради релативно високата влажност во воздухот температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Исто така и натаму ќе имаме мачно, спарно и тешко време кое ќе прави проблеми кај граѓаните односно ќе им ствара потешкотии врз здравјето со што можни се главоболки, повремена нервоза, болки во коските и на местата од старите рани како и тешина во телото и главата но и проблеми со притисокот.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.