По повеќе од една година работа, снимање и посветеност, филмот „Како плачат улиците“ официјално е достапен за гледање на YouTube.
Проектот започна на 6 ноември 2024 година со првата клапа, а својата премиера ја доживеа на 9 мај 2026 година. За авторите и учесниците, ова не е само филм, туку сведоштво за едно време, една сцена и луѓето кои оставиле свој белег во неа.

Во создавањето на филмот учествуваа бројни личности кои повеќе од една година работеа заедно со единствена цел – да ја оживеат приказната и да остават траен запис за генерациите што доаѓаат.
„Како плачат улиците“ носи силна порака дека рапот не е само музички правец, туку начин на живот, идентитет и приказна на луѓето што го создаваат. Филмот претставува автентичен документ за една култура и за луѓето кои биле нејзин дел.
Од авторскиот тим велат дека ова е проект кој се создава само еднаш во животот, а сега е достапен за пошироката публика преку платформата YouTube.
🎬 Во продолжение погледнете го филмот „Како плачат улиците“.
