Во текот на вчерашниот ден наголемо беше пренесена веста дека бил постигнат взаемен договор предложен од битолското здружение “За нас се работи” и новата гарнитура на ЕЛЕМ за јавна набавка за отпепелување и набавка на електростатички филтри, како уште една мерка за намалување на штетните емисии од гасови од РЕК Битола со што битолчани би требало да дишат барем малку почист воздух.

Ние ја поздравуваме секоја одлука која е за доброто на нашиот град и битолчани.

На следната фотографија можете да видите како изгледа тој фамозен електростатички филтер пред да биде монтиран на постројките од РЕК Битола во почетокот на далечните 80ти години.

Од фотографијата можи да се забележи дека филтерот е со енормна големина производство на Флект од Англија и биле монтирани од нивните стручњаци заедно со Електромонтажа Охрид.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here