„Како да се радувам“ – нова песна и најавен прв албум на битолската група The Groove. Музичката група ја објави својата нова песна со наслов „Како да се радувам“, која веќе е достапна на YouTube.

Воедно, на 21 август 2025 година, пред платото на Офицерски дом во Битола, со почеток во 20:00 часот, ќе биде промовиран и нивниот прв авторски албум „Тука сум до тебе“.

Настанот ќе биде значаен музички момент за групата и за битолската публика.