Пилотот Благој Петковски од Битола решил на денот на неговата свадба куќата на избраничката да биде „бомбардирана“ од авион со илјадници цветови од рози. Овој романтичен чин го изведе тогаш кога ја земал својата девојка од домот на родителите на 13 јули 2012 г. 

За подготовката на ова изненадување, невестата првпат дознала читајќи ги овие редови во популарниот весник „Дневник”. Авионот го возеја колеги на Петковски, а од него беа истурени три вреќи со цветови од рози. Традиција е кога се женат пилоти, членови на битолскиот аероклуб „Мирко Тодоровски“ да се фрла цвеќе на денот на свадбата. Розите се пуштаат над куќата кога сватовите ја земаат невестата на венчавка или кај општинската зграда пред регистрацијата. 

Се смета дека овој чин е за среќа. Најчесто Благој ги управува авионите од кои се фрлаат цвеќиња, но и самиот доживеал други да го направат тоа за него и за неговата идна сопатничка. Свадбарскиот чин бил направен со авион „цесна 172“, летало кое слегува ниско до 50 метри.

Сите ќе бидиме заедно на 3-ти Декември 2017 г. во Аеро Кафе. Повелете!

извор  “Дневник”

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here