Убави моменти од гостувањето на КУД „Илинден“ – Битола во Хрватска, каде што македонската традиција се спои со една од најпознатите далматински песни.

При посетата на Завичајната збирка во Градац, младиот битолчанец Илија, член на КУД „Илинден“ и ученик во Државното музичко училиште – Битола, седна на пијаното и ја изведе безвременската „Цесарица“.
Еден спонтан музички момент кој уште еднаш покажа дека музиката не познава граници, а младите битолски таленти знаат како достојно да го претстават својот град каде и да гостуваат.
КУД „Илинден“ деновиве е на турнеја низ Хрватска и Србија, претставувајќи дел од богатото македонско фолклорно и културно наследство.
🎥 Видео: Неда Маретиќ
🇲🇰🤝🇭🇷 Од Битола до Градац – со песна, музика и пријателство.
