Кавадарчанец гледа вести на телевизија, а таму кажуваат дека температурата во Битола достигнала минус 55 степени.
Кавадарчанецот: Ееееее нема грешка… Нема шанси толкава ниска температура!
И му текнува да му се јави на брачет му во Битола да го праша дали е вистина то што го кажват на вестите.
Кавадарчанецот: Ало братучет, ти ли си?
Битолчанецот: Да брат јас сум!
Кавадарчанецот: Колку е температурата таму?
Битолчанецот: Чекај да видам… Минус 33 брат!
Кавадарчанецот: Ееее тоа е нешо друго… Тоа може, а не на телевизија викаат било минус 55!
Битолчанецот: А па можи надвор толку е, јас мислев дека за дома прашваш. 😊