И учениците од ОУ,,Елпида Караманди“- Битола за првиот ден на пролетта заедно со наставничкиот кадар спроведоа повеќе активности меѓу кои

1. Садење на 100 дрвца
2. Собирање отпад во дворот, околу оградата и блиската околина
3. Сечење на исушени дрвца, гранки, жбунови кои собираат многу ѓубре и сл.
4. Расчистување и преуредување на училниците и кабинетите
5. Обработка на содржини за екологијата по различни предмети
6. Други активности
Во сите активности масовно беа вклучени сите ученици, наставници и другиот персонал и направија видлив исчекор во третирањето на екологијата во нивнито училиште.

Се покажа дека вакви работни акции се неопходни и треба да се организираат барем уште еднаш во првото полугодие во септември или октомври за да се одржува континуитетот на одржување на дворот и другиот простор на училиштето.

Учениците не се штедеа да дадат свој придонес и тоа е посебното задоволство кое сите ние го добивме од оваа заедничка акција.

Ќе направиме евалуација на овој настан за да извлечеме нови идеи и организациски постапки кои ќе ги употребиме за следниот настан.” – завршуваатна крајот од нивното соопштение.
Фотографии кои даваат појасна слика од сите активности (ќе има дополнувања како ќе ги добиваме материјалите од наставниците и учениците) на овој линк:

https://drive.google.com/open?id=10fT-6JKdbGuRmUEbgW6mILhoU3-29nvb

Текст, линк и фотографии испратени од Илија Василевски