И РЕГИОНОТ ПИШИ ЗА НАС: „Градот на конзулите крие тајни на царствата!“

од • October 2, 2026 • 0 коментари

Регионалниот туристички портал Putolovac објави обемна репортажа за Битола, нарекувајќи го нашиот град вистински дипломатски центар на Балканот и место со неповторлив шарм.

Во нивниот текст, уште во самиот наслов, тие порачуваат:

„Град на конзулите кој крие тајни на царството! Прошетајте по улицата каде што некогаш се ковале дипломатски планови и откријте зошто овој балкански град бил центар на светот.“

Што ги воодушеви странските авторите и патници?

За нас Битолчани, Широк Сокак е секојдневие, но за секој што доаѓа отстрана, тој е вистинска архитектoнска и историска сцена. Авторите на порталот се осврнуваат на богатата историја на Битола од 19 век, кога тука заседавале дипломатските претставништва на најголемите европски велесили — од Русија и Австро-Унгарија, до Франција и Велика Британија.

Во репортажата се истакнуваат неколку клучни белези на нашиот град:

  • Широк Сокак и европската архитектура: Прекрасните фасади во неокласичен и рококо стил кои го чуваат духот на старите времиња, пајтоните и градската елита.
  • Тајните на дипломатијата: Приказните за тоа како во Битола се кроеле геополитичките планови за целиот Балкан.
  • Културата на пиење кафе: По посетата, авторите забележуваат дека пиењето кафе на Широк Сокак за Битолчани не е само обична навика, туку вистинска уметност, култура и ритуал на живеење.
  • Спојот на старото и новото: Од античката Хераклеја Линкестис и Саат-кулата, па сè до автентичната Стара чаршија преку Драгор.

Битола останува срцето на конзулскиот дух

Убаво е кога регионалните медиуми ја препознаваат вредноста на Битола и ја споделуваат приказната за нашиот град со илјадници читатели низ целиот регион. Ова е уште еден доказ дека градот под Баба има приказни кои траат со векови и кои сè уште фасцинираат.

Целосната оригинална репортажа од нивниот агол можете да ја прочитате директно на Putolovac.com.

Babam Bitola

Comments are closed.