Почетокот на 2019 година се погоди за љубителите на зимските спортови. Интересот за скијање и бордање никако да спласни помеѓу битолчани. Се повеќе и повеќе се бара опрема за скијање и сноубординг, која сега за разлика од некогаш е пристапна за секого. Забележителни се и почетници од постарите 50+ генерации кои се присутни на екстремните ски патеки на Копанки, кој со ски, кој со сноуборд вклучувајќи го и понежниот пол.

Така беше и денешниот ден, преполн со вистински љубители на планината.

Баба планина нуди големи можности за развивање на зимскиот туризам. Со мали средства и вложувања може многу да се постигне и битолчани да добијат реномиран светски Ски центар кој ќе ја крепи цела Битола*… Да се надеваме за подобро утре. Од нас останува да дадеме поддршка и секое слободно време да го искористиме за посета на нашиот Пелистер.

Една планина, една љубов!

Елате си на Копанки. Ве поздравуваме…

* (Само за визионери и искрени луѓе кои сакаат да бидат впишани во историјата на градот)