82 годишниот фотограф и хроничар, доајен на битолското новинарство Петар Ставрев (р. 1941) познат помеѓу битолчани како голем љубител на планината и природата, како и прошлите години така и оваа н вториот ден од почетокот на 2024 година ја продолжи неговата традиција и пеш се упати во правец од вилата на Лазо до м.в. Антена (врв Пелистер 2601 мнв) , каде заедно со дежурната екипа на МРТ 28-та година по ред ќе отворат едно шампањско по повод новогодишните празници.Оваа негова традиција започна кога за Новогодишното издание на весникот Вечер сакал самиот да придонесе за екслузивна вест и одлучи да оди на највисокото работно место да им однеси пијалок и тоа шампањско. Ова е отприлика 28-то по ред на 2601 мнв.