Кошаркарскиот клуб Конзули постигна значајна победа против ИБА Баскет во својата прва натпреварувачка сезона, која е прва официјална победа и важен чекор за овој нов, но амбициозен тим. Се соочивме со силна и стабилна екипа, која во претходното коло веќе имаше забележано победа, но нашиот тим успеа да излезе како победник благодарение на заедничкиот труд и целосната посветеност, посочи Иван Илиоски.

-Иако немаме професионален тренер, тимот работи под водство на играчите со прволигашко искуство, кои ги поставија и изведоа тренинзите. Нивната стручност и знаење придонесоа за високото ниво на подготовка и посветеност во текот на мечот. Благодарение на нивното искуство, успеавме да ги минимизираме техничките грешки и да прикажеме тимска игра со голема енергија и заеднички дух.

После тесниот пораз во првото коло, ветија дека клубот ќе оди само нагоре – и денес, со гордост можеме да кажеме дека го направивме првиот чекор во исполнувањето на тоа ветување. Со оваа победа, КК Конзули покажува дека е спремен за нови предизвици и дека ќе продолжи со напредокот во натпреварите што следуваат.

Искрено благодариме на нашата публика, која денес броеше над 100 битолчани и беше тука да не поддржи со нивните срца и гласови. Веќе две кола, нашите верни фанови ни се ветер во грб и се незаменлив дел од секоја наша победа и успесите што следат.

КК Конзули ветува дека ова е само почеток и дека ќе продолжиме да се бориме за нови победи. Благодарност до сите кои ни веруваат и ни даваат поддршка – заедно ќе создадеме историја, порача Иван Илиоски.