Има една анегдота со авторот на Форе и фазоне, Раша Попов. Го прашале, каде најчесто се раѓаат гении, на што тој одговорил: “Уште во мое време, беше воочливо дека високите интелектуалци доаѓаат од провинција, дека провинцијата раѓа гении.” Оваа изјава на Раша им ја посветувам на Исмаил Лумановски, Горан Бојчевски, Благојче Трајковски и Благој Љамнов. Тие сношти на најдобар начин покажаа дека Битола не само што не е провинција, туку е центар на музичкиот свет. И не се саде тие и не се саде тука. Уште нешто. Четворицата сношти им оддадоа таква чест на човекот кој ги открил и им ја покажал магијата на кларинетот, проф. Панде Татарчевски и на легендите Тале Огненовски и Стојан Трајковски. Вакви деца старите на времето ги викаа деца од мајка, оти ниту почнало нешто со нив, ниту ќе заврши. Хрватите за вакви луѓе викаат “то је друга разина”.

Методија Атанасовски