Некое време читам “новинарски текстови” за вашето ви Скопје, за провинцијалци, и за што уште не. И додека читам се прашувам и уште кој не се пронаоѓа во вашите рубрики.
Кога би ме прашале од кај сум? И што сум? Одговорот е следен:

БИТОЛА, ГОРДА БИТОЛЧАНКА! ОД ШИРОК СОКАК, ОД ГРАДОТ НА КОНЗУЛИТЕ!

Не од градот на провинцијата, кичот и новиот македонски јазик “скопски литературен” кој го слушаме на турски серии, вести, тв емисии … СИТЕ вие кој не сте учеле македонски јазик да си прочитате кој дијалекти го формираат македонскиот литературен јазик, таму нема искача тука излегува, нема свиѓа тука допаѓа, итн.
Кога сме кај скопјани има скопјани и скопјани за едни знаеш дека се отепани скопјани, а за други на крај на студии дознаваш дека се од Скопје, ќе да е до влечењето на зборовите така викаат провинцијалци.

Кога ќе ме прашаат битолчани како Скопје?
Тоа е лично прашање, можеби некој и не се сложува, ама мене ми е многу лошо, затоа што во моја Битола се уште во градски превоз се влегува на предна врата се излегува на задна, се чека да излезат останатите, кај нас нема стадо “луѓе” што се турка на врата. Во Битола нема зеленило само на Пелистер, како само на Водно, во Битола ретко се свири во сообраќај и ако е така тоа е пазар ден Вторник-Петок можиш комотно да спиеш и во 8 сабајле и во 16 h попладне. За ноќниот живот во Битола и ние имаме ноќни клубови и забави да не незнајте, само што немаме во нив класични скопјани, скопјанки знаат провинцијалци на што мислам. Во Битола децата седат на улица до 3-4 ч. сабајле, не само тие во предградието на Битола туку и тие од градот.

И кога ќе ме прашаат зошто тогаш Скопје, заради факултетот, само затоа што политиката на нашата држава решила се да централизира во вашето Скопје. Дали вие се имате прашано дали луѓето како мене кои имаат поубав, почист и поцивилизиран град од Скопје би дошле да живеат, учат работат ако тоа не е егзистенција или студирање. Сигурно НЕ!
Повеќе би сакала да студирам во мојата Битола или во она старо Скопје каде и мојот татко студирал, повеќе ги сакам неговите приказни за Скопје отколку денешната глетка.
Постарите скопјани знаат за онај период кога од цутот на липите мирисал градот, татко ми знаеше да кажи најтешкиот период за учење, мирисот ги вадел од читални седеле на клупи и си муабетеле, денес ми е страв да седнам на клупа можи да завршам на клиника мирисот е волшебен не опијува сите само оние со маски не.
И да не се виновни само скопјани за лошиот имиџ на градот, има провинцијалци и провинцијалци! Едни виделе се, други прв пат се качуваат во автобус, прв пат одат на кино, прв пат влегуваат во трговски, прв пат гледаат журки, можеби не прв пат одат на кафе ама шемата за Битолското кафе го нема во ниеден град.
Текстот не е со намера да повредам некого, секој град има свој мани како и секој човек.
Само приказните за Скопје не се реални. За мене Скопје е искршен јазик на говорење, чадојна, кичерај, маса од цело село, метропола која опстојува од парите на народот кој заминал од својот роден град.

Ивана Каревска

Фото непознат автор