Годинава денот на маскирање и помирување од нашиот народ наречен ПРОШТАЛНА ПОКЛАДНА НЕДЕЛА или ПР0ЧКА, паѓа на 9-ти Март. Потоа, седум недели строгиот пост со дневен тримир(по лична желба) за да се пречека празникот на Христовото страдање Велигден со чиста душа.
Зошто маски на проштена недела или традиционална Карневалија во Битола? Haceкаде во светот па и кај нас, маските имаат во основа симболично спротиставување на ЛОШОТО.
Во битолската традиција маскирањето на поклади во минатото немаше поголеми резултати. Имено пред се турската власт тоа не го дозволувала. Meѓу двете големи војни на прст можеле да се избројат битолчани кои се експонирале како Маскари: Павле Павловски, Благој Апотекаро, Иљо Рапе,Чагоро…
На Широк Сокак главно помладиот свет се костимирал во народни носии и со буката на дрвените штракала ги истеруваше “лошите и нечесните” сили. Подруга слика и церемонија се одвиваше во кругот семејствата за прошталната вечера. Во наше време оправдано како да се возобновува традицијата со амкацка, мазник, кадаиф и алва, незаменлива ритуалија која на најмладите им причинува најголема радост.
Меѓутоа најзначаен покрај гозбите е фактот за помирувањето на сите домашни, роднини и комшии, на прошталната софра…
На сликата од фотоатељето Морено на ден Поклади 1933 г. од лево на десно стојат Јорго Бабуко, Борис Нунтрата, Томе Поштаро, Коле Свештаро, Христаки Учкаро со својата маска на кукла, Трегеро од Бајро, Ставре Мирчевски, Владе Винаро, Таки Ласипедџијата, Алеко Гината, Миху Шкипо, Кочо Маврото, седат Коста Терзијата, Пеце Џамадано, клечат Панде Дограмаџијата, Харила Влашето и Нико Нашоку.
Д.Д. Такец