Уште еден битолски конзул, Панде Талевски Папецо р. 1949 г. член и формирач на групата Битолски Конзули

кои повеќе од 30 години се присутни на битолската сцена, не напушти денеска во неговата 71 година.

Панде беше професор на флејта во Државното Музичко училиште во Битола и еден од првите учители на големата плеада од македонски музички звезди, член на мешаниот хор Стив Наумов, октетот Битола и многу други.

Сочувство до фамилијата.