БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Александар Георгиевски, познат на неговите пријатели како – Цане, почина тивко, на 95 годишна возраст, на 12 февруари 2021 година во Торонто.
Александар е роден на 9-ти ноември 1926 година во Крстоар, во близина на Битола, Македонија. По прекинот во средно училиште од една година, помината во партизани како секретар на СКОЈ на 9-тата ударна бригада за време на Втората светска војна, тој студираше на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Скопје, а продолжи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Загреб каде дипломира во 1953 година. По дипломирањето работеше како лекар во Битола на хируршкото и гинеколошкото одделение и беше во раководните структури на болницата во Битола. Во Торонто се преселиво 1958 година.
По нострификацијата, во 1960 година се стекнува со диплома од Медицинскиот факултет на Универзитетот Квинс во Торонто.
Ординираше во повеќе здравствени установи во Торонто, имаше и своја приватна ординација, а кариерата ја заврши во светски познатата болница за хернија „Shouldice Hospital“ каде што од 1995 до 2000 година беше главен хирург за целосно да се пензионира во 2013 година.
Александар беше длабоко вклучен во македонската заедница во Торонто и имаше активна улога во формирањето на првата македонска православна црква во Канада во 1962 година – Свети Климент Охридски и повеќепати беше претседател и потпретседател на Управниот одбор на Црквата. Несебичен и свесен за борбите со кои се соочуваат новодојдените македонци во Канада, тој обезбедуваше морална поддршка и помош во секое време. Голфот му стана страст подоцна во животот. Се дружеше со сите македонски друштва и кафе-клубови и ретко ги пропушташе тие дружби.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here