Пред минатиот викенд на Пелистер се одржа еден од најекстремните настани кои се дел од Pelister Downhill Cup со број 8 за оваа 2020 година. Во отсуство на странски гости заради пандемијата учествуваа само бајкери од Македонија. Првото место во целокупниот пласман го освои битолчанецот Јовче Даскаловски, потпретседател на велосипедскиот клуб Extreme Bike Team od Битола.

“Јас како еден од организаторите на овај мега настан, можам слободно да кажам дека ова е најдобро организираниот Бајк Фестивал во Македонија, а 8-мото издание по ред сведочи за тоа.

Ние како тим даваме максимални напори да ова манифестација стане од многу големо значење за нашиот град и нашата држава.

Сведок за нашите заложби беше повеќе илјадната публика која беше распостелена по целата патека од стартот на Копанки, па се до детското одморалиште како финиш.

Изразуваме голема благодарност до Директорот на Хотел Молика Димитар Димитровски, кој што оваа сезона на неколку наврати ни овозможи да тренираме на нашата стаза користејќи ја жичарата на Копанки за превоз на нашите бајкери.

Очекувано членовите на нашиот тим беа доминантни на оваа трка, со тоа што ова беше државно првенство и ние како тим сме презадоволни со освоените разултати и постигнатиот успех.

На самата трка имаше 60-тина натпреварувачи само од Македонија , што во овие тешки времиња на пандемија тоа е огромен број и резултат.

Нашите планови за во иднина сѐ од големи размери, доколку има услови наредната година, планираме да поднесеме барање за да бидеме дел од Европското првенство во Даунхил и ние како тим да бидеме организатори на тој настан со што би очекувале плева од бајкери од цела Европа итн.

На крај мораме да се заблагодариме на Општина Битола која оваа година застана зад нас како генерален спонзор и ни даде поддршка кога најмногу ни требаше.

Голема благодарност исто така до Пекара Булевар, Анс графика, Хамачи Македонија, Еурофарм, Програмерското студио Брајтбох, Симпекс Битола, Црвен Крст Битола и сите останати поддржувачи кој во нас препознаваат нешто повеќе од обични бајкери.”- ни пренесе Јовче Даскаловски, победникот на Осмиот по ред Даунхил Куп на Пелистер.

Честитки за победниците и Ви посакуваме уште многу успешни организации на Pelister Downhill Cup.

Фотографии Александар Буневски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here