Хардкор Шоп во Битола претставува симбол на конзистентност, страст и професионалност. Со 15-годишно искуство и директна соработка со најдобрите светски брендови, тие не само што ги поставија стандардите во индустријата, туку и успеаја да изградат заедница на лојални и едуцирани клиенти. Разговаравме со тимот зад Хардкор Шоп за нивната приказна, предизвиците и иднината.
Што го прави Хардкор Шоп различен од останатите продавници за суплементи?
– Она што нè издвојува е традицијата од 15 години, доказаниот квалитет, и директниот увоз со овластена дистрибуција за Македонија. Соработуваме директно со водечките светски брендови и сме горди што нашите клиенти добиваат оригинални, проверени и безбедни производи.
Кои брендови се најбарани во Хардкор Шоп и зошто?
– Најчесто барани се:
🔹 BioTechUSA
🔹 Scitec Nutrition
🔹 Trec Nutrition
🔹 Universal Nutrition
🔹 Animal Pak
🔹 Optimum Nutrition
🔹 Muscletech
🔹 Yamamoto Nutrition
Овие брендови имаат над 20 години постоење и важат за врвни производители на светско ниво. Клиентите ги преферираат затоа што се докажани и резултатите се реални.
Како се менуваа навиките на потрошувачите низ годините?
– Искрено, на почетокот суплементите беа табу. Требаше да објаснуваме што е безбедно, што не е, особено со родителите. 😄 Денес, работите се сосема поинакви – едукацијата е многу напредната, а суплементите се дел од секојдневната рутина. Сега родители купуваат за себе, за децата, за целото семејство.
Важно е да се нагласи: суплементите се додатоци и треба да се користат така – не се замена за храна или за здрав начин на живот.
Колку е важна едукацијата на клиентите?
– Пресудна е. На секој клиент му посветуваме време, му објаснуваме:
✔ Како и кога се користи производот
✔ Што може да очекува
✔ Дали одговара на неговите цели
Нашите вработени се едуцирани и посветени, и токму тоа ја гради довербата што ја имаме со клиентите.
Како го гледате идниот развој на Хардкор Шоп?
– Иако веќе нудиме над 1500 производи – суплементи, фитнес и бокс опрема – нашата визија оди понатаму. Подготвуваме надополнување на постоечката палета, како и внесување нови брендови кои се актуелни на светскиот пазар.
Дали планирате нови локации или онлајн проекти?
– Моментално сме присутни на две локации во Битола:
📍 Стара Чаршија – до Аптека Роса Вита
📍 Веро 4, Нова Битола – до A1
Но, да – во план се нови локации и проекти, и дефинитивно ќе имаме што да објавиме во следниот период.
Колку е важна довербата кога станува збор за здравствени производи?
– Довербата е основата. Нашиот тим е составен од мотивирани и едуцирани луѓе кои работат со љубов и посветеност. Клиентите го чувствуваат тоа и затоа повторно се враќаат.
И за крај, што би им порачале на љубителите на фитнесот и здравиот начин на живот?
– Бидете Хардкор! Не само во теретана, туку во секој аспект од животот. Одлучноста, дисциплината и желбата за подобро секогаш победуваат.