Бисмар е релативно ,,млада” компанија, Ве молам во кратки црти објаснете повеќе за компанијта?

Бисмар Дооел е компанија основана во 2023г. , основна дејност е производство на брендирани заштитни работни униформи како и трикотажни производи по барање на клиентите. Она што го нудиме на пазарот е квалитет кој гарантира заштита на секојдневната облека од абење и нечистотија. Покрај заштитната улога ХТЗ опремата која ние ја нудиме преку нејзиното брендирање ја добива улогата на ефективна маркетинг алатка на нашите клиенти.

Нашата визија е да испорачаме широката палета на производи кои во целост ги задоволуваат EУ стандардите. Односно квалитетна и удобна заштитна опрема која создава чуство на безбедност при работата.

Нашата мисија е испорачување на стадарден квалитет во предвидените рокови.


Кои производи ги нуди Бисмар на пазарот?

Асортиманот на производи кој го нудиме на пазарот е:

  • ХТЗ опрема

  • Трикотажа

  • Опрема за работници во кујна

При тоа во принцип секогаш водиме сметка за потребите на нашите клиенти, и секогаш нашата понуда на пазарот ја креираме и прилагодуваме на потребите и барањата на клиентите.

Во релативно кратко време на постоење, кој за Вас како поединец но и за Бисмар како компанија е најпредизвикувачки момент во работењето?

Во текот на работењето секојдневно се сретнуваме со предизвици во поглед на постигнување на соодветен квалитет во договорените рокови за што е потребно менџирање на повеќе нивоа, организација во процесот на производство односно со човечките ресурси менаџирање на процесот логистика односно доставување на крајниот производ до нарачателот на производот и на крај финансиско менаџирање односно наплата на побарувањата со што ќе го постигнеме и крајниот резултат односно win win комбинација за сите уечсници во процесот производител – вработени – купувачи.

Во момнетот најпредизвикувачки моментот е работењето за странска копманија, што за нас како компанија но и за мене претствавува предизвик за поголеми успеси во иднина.

Додека јас како поединец сакам и прифаќам предизвици но клучна во целиот процес на работа е тимската работа и резултатите, затоа што без крајни резултати целиот вложен труд на сите учесници во процесот на производство е бесцелен.

За крај кои се Вашите планови за 2025?

Плановите во новата 2025 се големи, но не и недостижни. Во почетокот на 2025г., планираме проширување на нашиот производствен погон и вработување на нови кадри. Воведување на нови текстилни производи за комерцијална употреба во нашата понуда . Со самото тоа очекуваме нова и поуспешна година.

Текст: ПР Линк Маркетинг

Фотографии:сопствена архива