Глорија Стојановска ја знаеме како мајка, сопруга, креатор на видеа и слики, но и како човек кој со својата позитивна енергија знае да донесе насмевка. Од зад сцената на комичното шоу „Празни Муабети“, па сѐ до денес кога преку својот профил споделува содржини со производи од „Авон“, „Фармаси“ и „Орифлејм“, таа чекор по чекор гради заедница со ведар дух и оригинален пристап.

Во продолжение ви го пренесуваме целото интервју со Глорија, во кое таа открива како започнала нејзината приказна, што ја мотивира и какви цели има за иднината.

Која е Глорија Стојановска и што те врзуваше со маркетингот и шоуто „Празни Муабети“?

– Мајка, сопруга, креатор на видеа и слики. Со комичното шоу Празни Муабети имам прекрасни спомени. Јас бев буквално секогаш зад сцената, во позадината и се грижев за сите работи да се одвиваат без пречки, повеќе да ги промовирам на социјалните мрежи, едитирање на видеа, како и изработка на плакати и билети

Како дојде идејата да го креираш твојот профил и зошто баш со производи од „Авон“?

– Се започна по смртта на мојата мајка (месец Фебруари 2025г.) таа беше неколку години зачленета во Авон. Пред скоро 6 месеци го загледав каталогот од Авон на масата во кујната и одлучив да го однесам на работа, каде што желбата за нарачки порасна. Тотално неочекувано, но инспиративно за мене ми даде и некоја утеха па одлучив да продолжам со Авон да се занимавам. Токму поради тоа го создадов профилот со цел да објавувам слики и видеа од производите.

Што те поттикна да продолжиш и со „Фармаси“ и „Орифлејм“?

– Фармаси е релативно понова компанија, но многу ми привлече внимание бидејќи бројот на задоволни клиенти расте секој ден. Производите се направени на природна база, всушност доктор Туна (создателот) пред сѐ бил вистински доктор кој што сакал да им помогне на луѓето преку козметика.

Од друга страна Орифлејм, тетка ми многу години се занимаваше со Орифлејм. Кога бев малечка секогаш и ги земав каталозите и многу производи, си играв и замислував дека сум главна директорка. Па можам да кажам дека уште од тогаш сум заљубена особено во нивните парфеми.

Какви беа првичните реакции на луѓето кога почна да споделуваш содржина?

– Првичните ракции, позитивни, охрабрувачки дури морам да кажам, сите ме бодреа да продолжам, и тоа ме мотивираше да го следам хобито кое сега веќе ми премина во пасија.

Во што е различен твојот пристап во претставувањето на производите во споредба со класичната продажба?

– Сакам да ги прикажам производите и од друг аспект. Обожавам да ги сликам и снимам во природа или во домашен удобен ентериер во комбинација со чај/кафе и одлична книга.

https://www.instagram.com/glorija_cares?igsh=ZDd3NmM2cGx1bnpt

Колку за тебе е важна забавата и носталгијата како дел од профилот?

– Факт е дека денес сите брзаме за некаде, стрес на секој чекор и сметам дека преку моите слики и видеа ќе им обезбедам насмевка на луѓето. Да се навратиме и на минатото, можеби тоа ќе ни помогни да се смириме, да бидиме задоволни и повеќе да ја цениме сегашноста.

Какви содржини планираш во иднина за твојата страница?

– Планирам редовно да правам наградни игри, повеќе колаборации се на пат и секако носталгични моменти. Имам доста позитивни критики кога објавувам видеа од ќерка ми каде што покажува производи – можеби и на тоа ќе посветам внимание.

Кои се твоите цели со профилот и каква заедница сакаш да изградиш?

– Целта со профилот е да донесам нешто пооригинално, место сувопарен маркетинг и воедно да развивам ведра комуникација помеѓу луѓето кои се интересираат за мојата содржина.

Што би им порачала на луѓето кои ќе те следат и ќе бидат дел од твојата приказна?

– Велат деновите се долги, но годините се кратки. Бидете скромни, радосни, задоволни. Посветете внимание на духовноста, тоа ќе донесе само разбирање, љубов и смирение.