По повод нејзината прва самостојна изложба, кратко разговаравме со Ана Марија Радевска – талентирана петнаесетгодишна уметница од Битола. Таа со своите цртежи го привлече вниманието на љубителите на уметноста, а ние ја запрашавме како го доживува овој важен момент, од каде ја црпи инспирацијата и што им порачува на другите млади кои творат.

Какво е чувството по првата изложба?

Ана Марија Радевска: Мојава прва самостојна изложба ја доживувам како големо постигнување и уште поголема мотивација за да продолжам со работа. Присуството на моите најблиски ми значеше неизмерно – тој ден засекогаш ќе остане во мојата меморија.

Од каде ја црпиш инспирацијата за твоите дела?

АМР: Мислам дека секој уметник ја чувствува инспирацијата на свој начин. Кај мене, тоа може да биде моментална случка во текот на еден ден или некое подолго животно искуство што ќе го преточам во цртеж.

Што би им порачала на другите млади уметници?

АМР: На сите млади кои творат им посакувам многу среќа и успеси. Да не се демотивираат од луѓето кои ќе се обидат да ги сопрат или обесхрабрат. Секогаш ќе постои некој што ќе ве поддржи на вистинскиот пат – само треба да продолжите да верувате во себе и во тоа што го создавате.

Разговорот и интервјуто е направено со помош и поддршка на Иле Радевски, голема благодарност.