Денес се одблежува интернационалниот ден на децата – 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Една од опциите која ја нуди нашиот град за едукација, згрижување и воспитување на деца е ДГ “Мали Генијалци”. Разговараме со нејзиниот директор Елена Неделковска


Од каде идејата за приватна детска градинка?

Желбата на свој начин да ги мотивирам, инспирирам, охрабрувам и подржувам децата преку создавање на безбедна, развојно соодветна и грижлива средина која резултира со социјален, емоционален, когнитивен и физички развој, поттикнува да создадат позитивна слика за себе како и љубов кон знаењето, со единствена цел најмалите да обезбедат силна основа за понатамошни успеси во животот


Што за Вас значи работата со деца, професијата воспитувач?

Воспитувачот реализира активности во насока на вклучување на децата во воспитно – образовниот систем. Тој е одговорно лице кое преку водење на развојно планирање, советување, емоционална поддршка, воспитување, организација и следење во реализацијата на активностите на деца на возраст од 0 до 6 години. Воспитувачот им помага на децата во совладување на наставниот материјал и развивање на вештини за учење.


Дали денешните деца се разликуваат од поранешните генерации како што тврдат многу стручни лица кои работат со деца. Дали и Вие го имате тоа искуство?

Стекнувањето проширени знаења се диктирани од многу надворешни фактори што контролирано или неконтролирано влегуваат во семејствата е резултат на различни генерацции. Ако претходните генерации ги имале игрите на отворено, со природни материјали, овие генерации, пак, имаат едукативни игри на таблет. На секоја генерација ѝ се даваат различни можности за да спознае нешто повеќе од претходната и со тоа богатство побрзо да напредува. Сепак, за секоја генерација е значајно истото – колку ќе се вложиме ние како воспитувачи и секако родители, толку децата ќе бидат добри и успешни.

Раскажете ни малку повеќе околу концептот на работа на ДГ “Мали Генијалци” кога е формирана, колкав капацитет?

ДГ “Мали Генијалци” е формирана 12.06.2015 година. Градинката е со работно време од 7:00 до 17:00 часот, и згрижува деца во целодневен престој на возраст од 0 до 6 годишна возраст во три воспитни групи. Една за деца на возраст од 0-2 години (10 деца во група), една за деца на возраст од 2-4 години (10 деца во група) и друга за деца од 4-6 години (исто така 10 деца во група).

Тимот на ДГ “ Мали Генијаллци” е составен од млади ентузијасти, но и искусен и посветен кадар, кој секојдневието на Вашето дете прави да му биде вистинско уживање, а паралелно низ игра да учи и да се стекнува со нови вештини. Со стимулирачко опкружување, едукативна програма, креативни работилници, моторички активности, настава на англиски јазик, факултативни едукативни и слободни прошетки се само дел од активностите кои ги спроведува градинката за правилен раст и развој на секое дете.

Како изгледа еден ден на децата во ДГ “Мали генијалци”?

Еден ден во нашата градинка ДГ “Мали генијалци “ поминува вака:

07:00 – 08:15- прием на деца и слободни активности

08:15 – 08:30 – утринска гимнастика

08:30 – 09:00 организација за појадок и појадок 09:00 – 9:30 – организирани слободни активности 9:30 – 10:30 – групна активност и работа по катчиња 10:30 – 11:15 – организирани игри и прошетки 11:15 – 12:00 – подготовка за ручек и ручек

12:00-14:00 – пладневен одмор и тивки активности

14:00- 14:30 – подготовка за ужина и ужина

14:30-17:00 – слободни игри, игри по катчиња и испраѓање на децата.

Денес е интернационалниот ден на децата – 1 јуни, како Вие ќе го одбележите овој ден?

Секој од нас со некоја мала скромна донација може да допринесе кон подобрување на образовниот процес. Овојпат нашиот избор се две основни училишта од Битола и изборот е спортска опрема за физичко и здравствено образование.

И за крај како ја поттикнувате креативноста и имагинацијата кај децата?

Со фантазијата се раѓа детската креативност, генијалност и размислување . Креативноста кај децата е спонтана и нема крајна цел за некое одредено дело туку е сама по себе цел. Детската фантазија, љубопитност, спонтаност и потреба за откривање на светот се автентични. Предноста кај децата е недостатокот од искуство, тоа е едно од нивните креативни средства , затоа што не се оптеретени туку доживуваат, спремни се многу пати и истрајно да експериментираат и да го истражуваат светот околу себе.

Важно е децата да експериментираат, да поставуваат прашања, да кажуваат мислење, да ги откриваат своите идеи и да ги објаснуваат. Да се негува креативна атмосфера и да се охрабруваат, да пробаат нешто ново што не пробале никогаш порано, притоа да не се нагласува чија идеа е најдобра или која е или не возможна за да се реализира. Најголем акцент треба да биде на процесот на осмислување на новата идеја, а не на оценување на истата. За поттикнување на креативноста важни се љубовта , поддршката, вниманието и топлата атмосфера од семејството што ја создават родителите и другите возрасни.

Разговорот го водеa : Н.С. и С.Д.

Фотографии : Борче Нечовски