Изложба посветена на Ѓорѓи Сугарев поставена во НУУБ Св. Климент Охридски – Битола

од April 2, 2026 0 коментари

Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола е поставена изложба на книги и периодични списанија посветена на ликот и делото на македонскиот револуционер Ѓорѓи Сугарев.

Преку внимателно селектирани публикации, изложбата го доловува неговиот животен пат, револуционерната дејност и значењето што го има во македонската историја. Посетителите имаат можност да се запознаат со бројни пишани сведоштва, статии и архивски материјали кои го осветлуваат неговиот придонес и идеалите за кои се борел.

Изложбата претставува скромен, но значаен омаж на една од најсветлите фигури на македонското револуционерно движење. Како војвода на Битолскиот револуционерен округ, Сугарев оставил длабока трага во борбата за слобода, препознатлив по својата храброст, решителност и пожртвуваност.

Со оваа поставка, библиотеката уште еднаш потсетува на вредностите и жртвата на генерациите кои ја граделе македонската историја.

Babam Bitola

Comments are closed.