Во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во соработка со Македонското научно друштво – Битола, Cultural Connection, Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Бабам Битола, организира изложба со наслов „Битолска меморија“.
Изложбата е посветена на архитектонските приказни на градот, претставени преку книги, списанија, фотографии и зачувани урбани фрагменти кои сведочат за богатото културно наследство на Битола.
Преку визуелна и документарна приказна, посетителите ќе можат да ја почувствуваат историската длабочина и духот на градот, каде секоја фасада и улица носат спомен и раскажуваат дел од неговата меморија.
Настанот ќе се одржи на 4 ноември (вторник) во 12:00 часот, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Оваа изложба претставува повик да се погледне наназад со почит, но и да се потсетиме колку е важно да го негуваме културното наследство што го имаме, град што зборува преку камен, светлина и време.





