Иконограферот Благојче Петровски во КИЦ Битола ја престави неговата изложба на уметнички дела пред пошироката битолска јавност

Драги мои битолчани, најнапред сакам да ви се заблагодарам на вашата безрезервна поддршка, и за вашето ценето присутво минатата вечер.

Претставувањето на изложбата насловена како “Поемата на атомите” во родниот град, пред свои луѓе, е посебен момент кој мене лично многу ми значи. Се надевам дека дел од синоќешната атмосфера ќе ви пренесеме со фотографиите на нашата маестрална фотографка Ивона Кочов.

Сите оние кои не успеаја да присуствуваат на вчерашното отворање на изложбата, би сакал да ве информирам дека изложбата ќе може да се посети и следната недела во Културен и информативен центар – Битола, на вториот спрат во свечената сала…пренесе Благојче.