Благодарејќи на раскошната околина, Битола отсекогаш имала бројни, популарни и често посетувани излетнички места. Факт е дека Турците имале посебен афинитет кон зеленилото и водата и дека таа своја голема љубов ја пренеле и врз останатите битолчани. Еден посетител на Битола од крајот на 19-ти век, како ласка, забележал дека ниту едено градско население од големата
Турција не ги сака своите излетнички места и не ужива
толку страстно во нив како битолчаните.
Понекогаш половина од градското население излегувало надвор од градот да ужива на дарот на природата 14. Разните видови забава, во кои вклучени биле и куклените и претставите театар со сенки, биле уживање за сите. Евлија Челебија во средината на XVII век тврди дека околу Битола во неговото време имало 20-тина излетнички места и дека најпопуларно и најпосетено било она што се наоѓало од западната страна, а кое ќе понесе толку впечатливо име – Мало Кралство (Довлеџик).
Го избрал и по негова иницијатива се уредило, поетот Лаели, роден битолчанец, подоцнежен, службен, дивански поет. Според Челебија, на секој агол од ова место имало ледини, седишта во ладовина и зеленило, места за игра и забава. Покрај реката Драгор имало 70 до 80 вкусно испланирани и подигнати летни куќички, колиби и базени.
На Довлеџик се играле хазарни игри, чочеци, а имало и многу други задоволства. Оваа популарност ќе се протегне особено до првите децении на XIX век, односно до оној познат масакр врз албанските старешини извршен во 1830 год.
Но иако не со истата посетеност Довлеџик и понатака продолжил да прибира свет желен за забава и развлеченија. Продолжиле чочеците и свирките до балканските војни често биле изведувани и претстави на
театар со сенки и куклени претстави.
Други популарни места за излет биле уште и Кисела Вода, Крсторскиот манастир, Под Каваци (од десната страна на реката Драгор, под Црн Мост), Пред ановите (кај Педагошкиот факултет), Астаане-башчеси, Ми-
лет-башчеси и др. Уредено излетничко место што го спомнува Евлија Челебија било и Тумбе Кафе, Во почетокот на ХХ век го облагородил валијата Абдул Керим паша и според него било наречено Керимпашино Брдо и така било познато до 26 јуни 1921 год. кога епископот Јосиф не го преименувал на јавен и масовен собир во Александрово Брдо. И тука се организирале забави, се приредувале и претстави. Една била на 17 јули 1938 год. организирана од Противпожарната битолска чета
И кафеанските бавчи, почнувајќи од XIX век станале популарни места за развлеченија. На патот за Лерин од Битола со децении на ред во втората половина на ХІХ век се наоѓале Абди-пашините кафеани. Имале пространи и постојано зелени ливади. Се идело на излет, но и изморените патници наоѓале удобства за одмор. Кафеана која меѓу првите ангажирала и пејачки била онаа која во крајот на XIX век се наоѓала кај денешниот Ловечки дом. Се викала “Итаат”.
Тука, според сеќавањето на постарите битолчани се изведувале и куклени претстави и театар со сенки. Во почетокот на ХХ век во нејзината близина се наоѓала и кафеаната „Терпси“
Скраја од градската врева била онаа кафеана со пространа бавча, која имала и многу добра течна вода, позната како Гургур Чешма. Популарна била како во ХІХ, така и во ХХ-тиот век . Познато излетиште била и за време на бугарската окупација . Нејзиниот интегритет и популарност престана откако по ослободувањето покрај неа беа подигнати Фабирката за шеќер, Фабриката за кекс и бомбони и др. Кафеаната „Пролет“, наспроти Касарните (денес ул.Партизанска) беше популарна особено меѓу двете светски војни. Тогаш стана и бордел.
По Првата светска војна, браќата Манаки вложиле големи средства бавчата на разрушениот хотел „Ројал“ да ја оспособат за прикажување филмови. Бројот на местата изнесувал 300. Покрај реката Драгор, од нејзиниот десен брег, подолу од Црн Мост и во турскиот, но и во подоцнежниот период се наоѓала многу популарна летна бавча – Каваци
Ја посетувале и муслимани и христијани и во неа не ретко можеле да се доживеат претстави од куклен театар и театар со сенки. Комедијанти изведувале скечеви и мали театарски претстави. Станала популарна не само кај жителите на блиските маали, ами и среде битолчани. Меѓу двете светски војни популарна кафеана била и Кај Фики, која се наоѓала во месноста Боримечка. Имала
уредено плато, на кое се организиале и игранки. Многупати тука се давале и концерти. На 27 мај 1923 оваа бавча ја одбрале Русите емигранти од Битола да го дадат својот концерт. Иако истиот се совпаднал со прославата на
железничарите, која се одржувала во Општинската сала, концертот на Русите бил масовно посетен. Од бројните интересни содржини, особено внимание привлече настапот на г-цата Подањаков, која морала неколку пати по барање на публиката, да го репризира истиот. Tоа се, се разбира, само еден мал дел од големата бројка излетнички места и бавчи што се наоѓале во и околу Битола.
Каријатиде на Театарот, проф Александар Стерјовски