Пролог

Во 2019-тата година, светот изгледаше како едно поинакво место за живеење, барем за мене. Се беше блиску, можевме да патуваме од едниот на другит крај на земјината топка, имавме лек за скоро сите болести, насекаде се ширеше идеата за светска благосостојба, скоро секој еден од нас почна да рециклира или да размислува за глобалното затополување, имаше и такви кои размислуваа за прошетки до Марс. Аранжманите во туристичките агенции изобилуваа со камили, жирафи и останати егзотични животни, недостасуваа само крволочните динасауруси, иако таму некаде во светот имаше значаен број на гладно население.

Набргу потоа, како во лош сон се најдовме среде пандемија предизвикана од вирус, опколени со законски регулативи, здравствени препораки, статистика на заразени во земјите низ светот и дома кај нас. Почнавме да посакувавме да се врати она време, кога се ова беше непознато. Мечтаевме за иднината која наликува на минатото. Секој еден од нас копнееше по времето кога се си беше во „нормала“. Многумина проектираа кога ќе заврши пандемијата и ќе се вратиме на она „старото“. Едноставо скоро сите ние посакувавме некоја светла „Иднина во минатото“.

Февруари и Март, 2019 престојував во градот Шенжен, Народна Република Кина, со самото мое слетување во Хонг Конг и подоцна пристигање во Шенжен, за мене се отвори еден нов свет. Отпатував од општина Битола која брои околу 80 000 жители, во која има само 20-тина, повеќекатници. Се чуствував како „Алиса во земјатта на чудата“, поточно како Битолчанец во Шенжен, чекорев низ град со 20 милиони жители, трговските центри тука беа поголеми од она што кај нас дома го викаме спортски стадион. Во Шенжен, престојував кај нашинци, тоа беа најдобрите мои другари и во Битола и во Кина. Јас сум им кум на ќерката Мика. Иван Коцката, исто така познат како Мики и Мимоза, беа моите домакини и причината зошто престојував во Шенжен , а не Пекинг, Шангај или Макао.

Коцката ми подари фотоапарат, да си го пополнувам времето, за да биде целосно искуството ми го позајми и неговиот електричен мотор. На располагање ми беше градот со 20 000 000 нови лица, мотор со батерија за 80 километри, фотоапарат со можност за иљадници фотографии.

Првите 2-3 дена бев целосно обземен од се наоколу, храната, новите лица, бетонски зданија. Во просек на ден гледав повеќе облакодери отколку што би забележал луѓе назад дома. По една седмица, првичната еуфорија стивна, иако скоро се, сé уште ми беше ново, сега барем знаев кај да паркирам со моторот, кај да пијам ладен чај, каде можам да јадам рамен(чорба со месо и тестенини) или блага кифла со лук и кашкавал.

По неколкудневен престој, за чудо се навикнав на едно такво секојдневие, знаев каде можам да најдам книги со фотографии, пошто само нив ги разбирав. Секој послободен момент, кога не возев мотор, фотографирав, било тоа да се облакодери кои се истакнуваа во бетонската џунгла или пеперутки покрај автобуските станици. Сликав сé, на што ќе наидев. Често сликите ми служеа дури и за да знам како да се вратам кон некој попознат дел од градот. Едноставно ужував во таа една нова естетика која се отвори за мене. Естетика која влечи корени од истокот, но истовремено се носи со се она што во нашите спознанија го поврзуваме со современите стремежи на конзумеризмот.

Тој спој уште тогаш, го насловив „Иднина во минатото“, кој знаеше дека сето ова, баш вака, ќе се случува денес, дека овој поим ќе донеси едно сосема ново значење за мене и за остатокот од светот.

Потрага по Естетика

Естетиката која ми остави впечаток уште тогаш и случувањата во светот околу нас денес, ме натераа да се запрашам.

Која е потребата од Естетиката?

Живееме во време во кое секоја појава, која во минатото се земала здраво за готово, сега е ставена на знак прашање. До пред една-две децение за секое откритие од науката или технологијата, без сомнеж останатото население на светов, семетало дека оди во корист на човекот и неговото постоење, а поборниците наспроти тоа биле само мала група од поедници, за кои, се умеело да се каже дека се љубители на теории на заговор.

Светот, денеска, е едно конектирано, вмрежено поле, во кое се повеќе, се осеќаат разликите на база на расна, релиозна, сексуална, класна, политичка и идеолошка припадност. За првпат љуѓето се толкну многу поврзани едни со други, а далечни со ближниот „ПОДЕЛЕНИ ЗАЕДНО“.

*Под ова мото се одвиваше „ФЕСТИВАЛОТ ЗА ЛИТЕРАТУРА И АУДИО ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ – 300 РАБОТИ, ТРИСТА“ во 2020-тата година, каде се јавувам селектор и организатор.

Денеска повеќе од било кога човековиот живот е сведен на статистика, индивидуата на матичен број, трансакциона сметка или меил, толпата на колатерална штета. Поборниците за човекови права, се борат за своите права, така што им ги ускратуваат основните човекови права на, неистомислениците.

И што уште не!

Во моменти кога, науката е неодлучна. Техологијата е таа без која не се може. Светот се поброзо се движи, а човекот ја губи трката, уметноста е единственит бедем на одбрана на човечшвото, онакво, какво ние го знаеме.

Ако Естетиката како дел од Филозофијата открива каде се скриваат проблемите, гледа каде е проблемот, но не и да го решава. Се добива впечеток дека таа само прашува, но не и одговара. Откука следува дека таа самата не прави проблеми, туку во се сѐ сомнева, а во ништо не верува. Повторно и повротно упорно го поставува прашањето: Зошто? Не успевајќи да дојде до целосен одговор: Затоа што!.

Можеби потребно е да се запрашаме доколку филозофијата не решава ниеден проблем, дали следните причини има потреба да ги земеме во предвид.

Проблемот е погрешно поставен.

Ако е така, дали мислителите од сите правци на филозофојата не се во сотојба да го постават точно проблемот.

Дали проблемот е нерешлив?

Во тој случај барем еденаш, проблемот, би бил исправно поставен. Можеби барем еден совршен ум би го знаел одговорот.

Дали постои плурализан на вистината?

По оваа претпоставка, проблемот не може дефинитивно да се реши, заради тоа што за една иста работа важат повеќе вистини. Од повеќе можни вистини, кои се подеднакво висинити, произлегуваат меѓусебно различни одговори.

Дали секој одговор опфаќа само една страна?

Оваа оптимистичка визија, пркоси на ограничувањата на човековиот ум и неговите спознавачки моќи, ни покажува дека сепак има извесен напредок и во филозофијата, која што во иднината би била се поблиски до вистината.

Дали се решенијата возможни на повеќе нивоа и повеќе различни модуси на мислење? Дали различноста важи и гласи за рзалични духовни структури?

За сите нас вистината е она што е во склад со нашето битие. Таа станува вистински вистина, дури кога лично сме ја проживеале. Така што вистината живее и може да се искуси, само на сопствена кожа. Таа не може да се превземи, исто тако како што искуството не може да се превземе.

Дали проблемот не се зема de facto, за да се добие за него решение туку како повод, одностно потикнување за изградување посебни светови?

Ако филозофијата како и уметноста, поминува од една на друга тема, ја користи секоја прилика за да го прошири богатсвото на духот, го претвора „мотив-проблемот“ во едно ткиво околу кое ќе се изгради свет и нова реалност, никогаш видени дотогаш. Во тој случај Филозофијата може проблемите врзани за стварноста да ги земе како неважни, односно мизерни во споредба со можните светови кои се отвараат на духовното око. Односно наместо филозофијата да се бори за една единствена, непосредна реалност и да ги решава нејзините проблеми, таа може да биде артистична, може да се „естетизира“ на тој начин што нема да се занимава со стварноста која е веќе актуелизирана, туку со можностите кои чекаат свое остварување.

Од овие побуди решив да Ви преставам еден мој поглед на градот Шенжен, со тоа и да Ви преставам некои мои видувања за истокот и моите исуства во него. Низ објективот на фотоапаратот забележав низа фасцинации за мене, па решив дел да ги преставам како печатени фотографии, а дел да ви прикажам како видео-колаж или видео-арт, поставка на фотографии кои естетски ќе прикажат еден вресок за „Иднина во минатото“.

Естетиката на исткот

Неможам да речам дека успеав да допрам длабоко во источната филозофија, неможам да речам ниту дека успеав да ги фотографирам сите можни мои искуства од Кина. Пензионерите кои играа во 19.00 на плоштадите помеѓу зградите, утринската гимнастика на основците, во училишните дворови на песни од Битлси, музицирањето на слубеникот на пауза, на клавирот покрај ескалаторот во трговскиот центар, можеби ова последното и сум го снимил со телефон. Сите овие искуства, само ги земав здраво за готово, во Кина стекнав пријатели од соседна Србија, кои можеби доколку би отишол во Белград, Нови сад или Ниш, би ги одминал и никогаш не би седел со нив да пијам пиво од ѓумбир и да јадам прженици.

Незнам дали ќе успеам да Ви пренесам од естетикат на скалите кои потсетуваа на моето детсво поминато со Кунг Фу филмовите на Брус Ли (Bruce Lee), метежот кој ми беше познат само од култните сцени на Вон Кар Вај (Wong Kar-wai), нудлите кои ги јадеше Антони Борденј (Anthony Bourdain), неколку месеци пред да замине од овој свет. Но знам дека Хон Конг да е градот во кој имав чуство дека со нетрпение повторно се враќам, а всушност за прв пат го посетив, на еднодневна прошетка од Шенжен.

Сето тоа многу тешко може да се прикаже. Тоа што без никакви посебни намери се најдов на среде работилница за ритам, во која од непоканет гостин станав рамноправен партенер со организаторите, при музицирањето, само го потврди мојот сомнеж дека јас тука, некогаш, сум бил.

Така истокот, го почуствував сосема близок. Впрочем тоа и é. Изгревот на сонцето, е дел од секое живо битие.

Приказна за дрвото бамбус

Сето ова искуство на истокот, уште од моето враќање ме прогонуваше, неможев да најдам начин како да го артикулирам. Илјадниците слики, ги поделив во неколку категории: Архитектура, Улица, Пејзажи, Урбани Пејсажи, Урбани ентериери. Сите фотографии, уште тогаш, ги поврзуваше една кратка приказна, која ја создадов таму.

Приказна за дрвото бамбус

Може да биде приказна.

Може да биде сон или реалност.

Ако е приказна, е приказна за засадување на семе.

Тој посади семе и го наводнуваше,

таа посади семе и го негуваше.

И двата тоа го правеа повеќе пати.

Треба да се засади и негува, тие рекоа.

Сега семето расте брзо.

Со многу гружа и енергија до совршенство

Приказната за дрвото бамбус…

Градот Шенжен.

Оваа приказна се базира на древниот култ во Кина кон бамбусот. Најголем дел од бамбусите цветаат ретко. Всушност, голем дел од бамбусите цветаат само еднаш во период од 60 до 100 години. Оваа растение се користело и се користи за повеќе намени во Кина, тесно е поврзано со нивната култура и развој.

Многу лесно можеме приказната да ја поврземе со градот Шенжен, доколку знаеме дека тој е создаден во 1979 година, во моментот кога, јас го посетив правеше 40 години. Во 1979-та година бил донесен план и низа регулативи од Централниот комитет на Комунистичката партија за создавање на Шенжен. Во 1980-та градот бил промовиран од тогашниот врховен лидер Денг Сјаопинг и бил создаден како експериментална основа за практикување на пазарниот капитализам во заедницата водена од идеалите на „социјализам со Кинески карактеристики”.

Но сепак не можам да речам дека оваа приказна, не може да резонира кај секој еден од вас различно. Некој може слободно да ја поистоветувате со развојот на некое пријателството, друг со развојот на некоја интелектуална вештина, трет со развиивање на душевна или телесна состојба, или само со развојот на вашето цвеќе во дневната соба.

Кај мене, резонира со сето ова и уште многу повеќе. Оваа приказна во мене отвори нови преспективи кон самиот себе и кон свеетот воопшто.

Епилог

Дали денеска, обребемени од сите неприлики, сме способни, сите заедно да мечтаеме за таа долго очекуваната „иднина“, која кој знае дали ќе биде блиска со она „минато“ досега познато за сите нас.

Фотографиите, кои ги создадов на истокот, поезијата, визијата и останатите искуства кои се вмрежени во секое дело се надевам дека ќе пренесат една современа естетиката веродостојна за филозофијата на истокот денес.

Тоа е моќта на мечта која може да не однесе на едно друго место и да не помести во едно друго време. Време во кое слободно се движимеме во толпата. Време во кое социјалната дистанца е заменеменета со срдечна прегратка. Време кое можеме да се спаковаме и да оптатуваме на другиот крај на светот, само за да сретнеме што повеќе нови лица.

Ајде заедно да мечтаеме за „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“

Игор Трајковски Фоја


Резиме – Игор Трајковски Фоја

Роден на 4 Мај 1986 во Битола, Р. Македонија Игор Трајковски познат како Фоја е автор, фотограф, графички дизајнер и филмски сценарист. Во уметноста навлегува со комбинации на фотографија и уметничка графика. Негови графики се дел од повеќе изложби во земјата и Европа, меѓу кои „Интернационалното Биенале на графичка уметност, Португалија – 2014“; Изложба на графичка уметност „Огледало лице во лице“ Виченца, Италија – 2016. Автор е на книгите „Кукла“ – 2010 (кратки раскази) и романот „Снежна Пустина“ – 2013 (одкупен од Министерството за култура, како дело од национален интерес). Главен и одговорен уредник е на зборниците за литературна уметност: Колегиумски Записник 001 (2014); Колегиумски Записник 002 (2015); Колегиумски Записник 003 (2016); Collegium Enclosure (2017). Уредник на списанието „Магента“ кое од 2015 па наваму третира теми поврзани со уметноста посебно во Битола и регионот. Основач е на групата „Live Литературен Перформанс“ во која членуват поети и музичари од Битола (меѓу кои и двајца членови од бендот „Фолтин“), со која на еден не формален начин се презентира авторска поезија. Организатор е на фестивалот „300 работи, триста“ Фестивал за литература и аудио визуелни уметности. Фестивалот се одржува непречено од 2013 на ваму и на него досега учествувале гости од Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Р. Ирска, Кина, Индија, Сад, Чешка и други. Добитник е на многу бројни награди од областа на литературата меѓу кои: Прва награда за поетска творба на поетската манифестација „ПЛАНЕТОПИЈА 2019“; Медал „Културен Центар Месопотамија – Белград“ 2020; Специјална награда за поезија „ ГРАД ГАЛАТЕО-АНТОНИО ДЕ ФЕРАРИС“ – Меѓународен натпревар во Рим, Италија за песната „ТИ И ЈА“ (препев на српски јазик) 2020. Завршил Постдипломски студии на Филмската академија во Охрид – ИФФА (FIOFA)

Филмографија:

СОБА 13 (2017) – Краток филм на режисерката Нора Шарак (Талин, Естонија) – Сценарист; Лактив Туризам Охрид (2017) – Промотивно видео во форма на краток докуметарец (Европски Проект) – Сценарио и Режија; НОЌТА (2018) – Автор на сценарио за игран филм, добитник на средства од филмскиот фонд на Македонија за 2018 година.; ТВ Серија ПРЕСПАВ, (2019) – Сезона 4, Епизода 5 „ВИШ ИНСПЕКТОР“ Сценарио, Епизода 18 „ТРАНС ТОАЛЕТ“ Сценарио, Епизодна Улога.