Иван Богојовски и „Метро и жилет“: Од седумгодишно дете до 185 сантиметри спомени

од May 10, 2026 0 коментари

Еден од учесниците на легендарниот детски музички фестивал СИДО, битолчанецот Иван Богојовски, деновиве повторно ги разбуди спомените од детството, враќајќи се на сцената по повеќе од три децении.

Песната што ја испеал во 1993 година, на неполни седум години, е „Метро и жилет“, со текст на Валентин Соклевски, а музиката и аранжманот се на Миодраг Нечак Микс. Тогаш мало момче, денес Иван низ шега вели дека е „висок 185 сантиметри“, но емоцијата од сцената и спомените од СИДО останале исти.

„Настанот во Центарот за култура беше одличен. Се видовме со изведувачите кои пееја пред 30 години. Беше одлична дружба за време на пробата, концертот и потоа на коктелот“, раскажува Богојовски.

Тој упати поздрав и до следбениците на Бабам Битола, додавајќи дека му е особено драго што токму неговиот настап на страницата има најголема гледаност и најмногу реакции.

„Драго ми е што мојот настап на вашата страна има најмногу лајкови и гледаност“, вели Иван.

СИДО уште еднаш покажа дека не е само фестивал, туку дел од детството на многу генерации битолчани, спомени што и по 30 години сè уште живеат.
Фото Камерен Оркестар Дива

Babam Bitola

Comments are closed.