Иванчо Чагорски: Од осум аудиции до „Журка“ на СИДО – „Како дете ми беше најголема желба“

од May 11, 2026 0 коментари

За Иванчо Чагорски, настапот на СИДО не бил случајност – туку детски сон и најголема желба која ја чекал со години.

„Како дете, најголема желба и лична сатисфакција ми беше да се пее на СИДО“, раскажува Иванчо.

На аудициите почнал да оди уште од 1994 година, но патот до сцената не бил лесен.

„Одел константно на аудиции од 1994 година и конечно во 1997, после осум аудиции, бев примен да пеам“, се присетува тој.

Но, како во секоја добра детска приказна, имало и мала драма.

Само два дена пред снимањето на песната, иако родителите го предупредувале да не игра и да се пази, Иванчо решил да излезе на физичко.

„Мајка ми и татко ми викаа: немој да си играл нешто. И ко за инает, два дена пред снимање, излегов на физичко, играв и настинав. Ќе ме убиеја дома“, раскажува низ смеа.

За среќа, топол чај, лекови и детска упорност си го направиле своето.

„Арно ама, со топол чај и лекови оздравив“, вели Иванчо.

Неговата песна „Журка“ остана запаметена кај многу генерации, а по 30 години, повторното враќање на сцената донесе нова доза емоции и убави спомени.

„Прво да се извинам што не играв како оригиналот, немаше брза помош И второ, песната како „Bohemian Rhapsody“ дојде во должина“, се шегува Иванчо.

Но, зад шегата стојат искрени емоции.

„Преголеми емоции, нови другари и другарки… и ова ќе трае. Фала на цела публика уште еднаш“, порачува тој.

СИДО уште еднаш покажа дека не бил само фестивал – туку место каде што детските соништа станувале реалност и спомени што траат цел живот.

Babam Bitola

Comments are closed.