На крајот од месец Јуни, Здружението ЗУР „Македонски ракотворби“ го посети Домот за стари лица Сју Рајдер каде со поддршка на Општина Битола го реализираа нивниот проект ,,Заедно можеме”.

Пријатно поминати часови во размена на многу искуства во плетење, везење, готвење…. Слушнавме многу животни приказни на луѓе во третото доба . Ги собрала овде осаменоста, немоќта, болестите. Среќни сме што им ги насмеавме лицата и развеселивме погледите. На замиување не испратија со песна…. напишаа од ЗУР на нивната официјална страна.