Осудена е на пропаст државата која неправедно го понижува и маргинализира градот кој има дадено најголем придонес за развојот на истата таа држава!

ЗОШТО МАКЕДОНИЈА Е ДОЛЖНА ДА ЈА ПОЧИТУВА БИТОЛА?

Османлиите уште во 1864 година ја одбираат БИТОЛА да биде главен град на Битолскиот Вилает со површина од над 32 000 км2.

Дури осум османлиски султани ја посетиле БИТОЛА, меѓу нив и првиот (Мурат I во 1384 г.) и последниот султан (Мехмед V Решат во 1911 г.) кои владееле со Македонија.

Голем број на држави одлучиле токму во БИТОЛА да отворат свои конзулати.

Мустафа Кемал Ататурк во 1896 година од целата Империја одбрал токму во БИТОЛА да се запише на воено училиште.

Јанаки и Милтон Манаки во 1905 година од целата Империја одбрале токму во БИТОЛА да се населат каде што ќе ја донесат првата камера на Блаканот и први ќе ја започнат филмската индустрија во целиот Полустров.

Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ е најстариот филмски фестивал во светот! (првото издание било во 1979 г.)

На 6 февруари 1945 година токму во гимназијата во БИТОЛА започнува настава на македонски јазик.

Само гимназијата „Јосип Броз Тито“ во БИТОЛА има дадено 18 академици, неспоредливо повеќе од било кое друго училиште во Македонија.

Првиот театар во слободна Македонија е отворен токму во БИТОЛА каде што на 14 ноември 1944 година е одиграна првата претстава „Ѓоре Магаревски“ со што започнува театарскиот живот во новата македонска држава.

Првата македонска опера „Гоце“ е создадена токму во БИТОЛА од битолчанецот Кирил Македонски.

Албанците во 1908 година одбрале токму во БИТОЛА да одржат свој конгрес за кодификација на албанската азбука.

Најголем дел од Евреите кои во XV век побегнале од инквизацијата во Шпанија и Португалија се населиле токму во БИТОЛА.

Најголем дел од Власите кои во XVIII век побегнале од разрушениот град Москополе, се населиле токму во БИТОЛА.

Тоше Проески одбрал токму во БИТОЛА да заврши музичко образование.

Првиот македонски дипломиран режисер е од БИТОЛА – Димитрие Османли,

Главната улога во првиот македонски филм е од БИТОЛА – доајенот Мери Бошкова,

Авторот на најпознатата македонска песна „Македонско девојче“ е од БИТОЛА – Јонче Христовски,

Првиот Македонец кој го освоил највисокиот врв на светот Монт Еверест е од БИТОЛА – Димитар Илиевски-Мурато.

Дополни ја низата…

Честит празник на антифашистичка Битола! Слава на хероите!

Христијан Аџиоски