Зоран Лазаревски – Паљо: Кога маскенбалите беа вистински спектакл во Битола

од April 1, 2026 0 коментари

Битола памети време кога маскенбалите не беа само забава, туку вистински настани што го собираа целиот град на едно место.

Битолчанецот Зоран Лазаревски – Паљо, со носталгија се присетува на тие години, кога во големата сала на Центарот за култура се собирале и по 500 маскирани учесници.

„Ееее, на времето маскенбали се правеа, не играчка. Полна сала, музика, маски, радост. Победниците одеа на карневалот во Струмица. Јас два пати победив – како Конан и како кловн, во 1995 и 1996 година“, раскажува Паљо.

Тие маскенбали, како што вели, биле повеќе од натпревар – биле живот, дружење и вистинска енергија што се чувствувала низ целиот град.

„Битола… живот се живееше во сите области“, додава тој, враќајќи нè во едно време полно со смеа, креативност и заедништво.

Ретро спомените како овие потсетуваат дека духот на градот се гради токму преку ваквите моменти, кога Битола живее со полни гради.

Babam Bitola

Comments are closed.