На 28 Септември 2024 година, Зоолошка градина Битола ќе биде домаќин на интерактивен час во природа за триесет дечиња со типичен и атипичен развој. Организатор и реализатор на ова едукативно дружење е Здружението на психолози РИЛУКА Битола. Дружбата на домаќините од животинското царство на ЗОО Градина Битола и гостите ќе ја водат искусни професионалци од редовите на психолозите на Здружението РИЛУКА и зоонегувателите на 300 Битола.
Децата најпрво ќе бидат поведени во обиколка на сите живеалишта и сите животински жители на ЗОО Градина Битола каде од зоо-едукатори ќе бидат запознати со животните кои тука престојуваат.
За време на средината на активностите е предвиден едукативен час на локалитетот „Селска куќа” во рамки на ЗОО Градина Битола, каде дечињата ќе чујат приказна за начинот на живот во македонските села во минатото, и симбиозата на луѓето и животните.
За крај ќе има ликовна работилница на отворено на Летната сцена на ЗОО Градина Битола, каде заедничкото дружење треба да создаде прекрасни и креативни детски цртежи.
Благодарност до Здружението РИЛУКА, ДМД Оил, Печатница Гушевски и игротека Мики Маус и ЗОО Бар и Кафетерија за нивната помош.
Има покана и за сите други заинтересирани, вратите ќе бидат отворени од 12:30 часот.
ЗОО Битола