Нашиот најголем и најуспешен млад мото крос талент, 15 годишниот битолчанец Дамјановски, кој има освоено 6 први места на македонските шампионати и 20 врвни пласмани на државните и европски првенства на Балканот, заедно со генералниот спонзор Адора, продолжува кон нови успеси. Антонио, кој рекреативно вози од 2018, во 2019 ја почнува професионалната кариера, а годинава тој премина во појаката класа МХ2 со мотор од 250 кубици.
„Важно е да се поддржат талентираните млади возачи во нивните почетоци, кога е најголем потенцијалот за успешна кариера, а нивната страст кон адреналинскиот мото спорт да се канализира и практикува на спортските патеки, а не на јавните улици. Убаво е кога младите луѓе ќе се посветат на спорт на едно вакво сериозно ниво, на тој начин се оттргнуваат од друг вид можни негативни влијанија во најсензитивнте, тинејџерски години“, порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата.
Со 20 годишната општествено одговорна традиција, Адора апелира до другите бизнис субјекти и љубители на мото спортот, да се придружат во поддршката на Антонио Дамјановски, заедно, во остварувањето на неговиот сон за освојување нови врвови во европскиот и светскиот мото крос, кој важи за спорт за кој се потребни големи финансиски средства.