Организациите основачи на ПЛАТФОРМАТА ЗЕМИ ЗДИВ Ве покануваат на настанот кој ќе се одржи на 27.03.2019 СРЕДА со почеток во 19:00 ЧАСОТ во малата сала на НУ Центар за култура Битола.
Целта на овој настан е запознавање на граѓаните на Битола со мотивите за основање на ПЛАТФОРМАТА ЗЕМИ ЗДИВ, целите и начинот на делување и можноста за вклучување на други граѓански организации и компании во оваа ГРАЃАНСКА ПЛАТФОРМА.
На настанот ќе биде презентиран првиот месечен извештај за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола генериран врз основа на податоците добиени од првите 4 сертифицирани мерни уреди Airly кои во месец февруари беа активни во нашата мрежа.
Воедно би сакале да ги поканиме сите носители на јавни функции и претставници на политичките субјекти од нашиот град да присуствуваат на овој настан во својство на засегнати граѓани на Битола, а не во својство на функционери.
Со почит, ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ