Тренерот на Еурофарм Пелистер, Звонко Шундовски, со големи очекувања и амбиции пред завршницата на Купот на Македонија:
„Фајналфор турнирот во Купот е натпреварување што секогаш буди посебни емоции. Сите клубови го посакуваат трофејот во своите витрини. Еурофарм Пелистер долги години го нема освоено овој пехар и затоа доаѓаме со јасна цел – да го вратиме назад во Битола.“
Шундовски предупредува дека Купот често знае да приреди изненадувања:
„Знаеме дека тука не победуваат секогаш фаворитите. Затоа се подготвуваме посветено и максимално. Убеден сум дека ќе се пласираме во финалето и после цели 20 години ќе го донесеме трофејот дома.“