Да видиш, и да бидеш виден“ е водечка идеја на шемаџиите од сите градови, ама кога станува збор за овој тренд „никој не  си го можи со најголемите пуфкаџии- битолчани“. 

Каде и да си, што и да правиш барем еднаш- два пати дневно редно е да поминеш на Корзо по Широк Сокак. Дотеран, среден, налицкан до немајкаде.
Деновиве се раскажува една анегдота- битолчани и битолчанки дотерани цакум- пакум уште рано на сабајле пијат кафе на Широк сокак. Некој странец прашал- “Ова е туристички град? Многу туристи ви дошле, си кулираат, по кафулињава!”….” Не, ова се нашите, домашни битолски туристи“, гласел одговорот од домаќините.

И затоа, ни повеќе, ни помалку битолските „пуфкаџии“ и (не)официјално улицата на Широк Сокак си ја крстија „Улица биди виден“. И онака во тренд е пре-менување имиња на улици, па зошто оваа улица да не си го добие вистинскиот „макотрпно“ заслужен назив ?!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here