За титулата од купот на Македонија РК Еурофарм Пелистер ќе се бори против Вардар 1961

од May 12, 2023 0 коментари

Еурофарм Пелистер е првиот финалист од купот на Македонија, во полуфиналето е совладан тимот на Тинекс Пролет, со резултат 28:21.

РК Еурофарм Пелистер ќе се бори за титулата од Купот на Македонија против Вардар 1961 в сабота од 18:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

Билети за финалниот натпревар, по цена од 200 денари, можете да набавите на продажниот пункт пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денес, 12 мај, од 12:00 до 16:00 часот.

Исто така на продажниот пункт може да купите и дрес од вашиот омилен клуб.

Babam Bitola

Comments are closed.