Сакале ние или не, мораме да признајме дека Касандра како лик во нашата понова историја има остаено еден добар белег. Кога Касандра ќе играше на времето, дури траеше серијата од 7 до 8 надвор се слушаше само реката, да се удриш немаше кој да те спаси. Денот се планираше околу времето на серијата, а важеше поговорката како за Бадник “Кај и да си во 7 за Касандра дома да си”, па дури памтам баба ми сато го навиваше према Касандра, ко ќе почнеше Касандра таја го местеше 7, многу доверба имаше во неа.
Касандра како личност во нашите животи прва ги воведе тие роднински некој не сфатливи работи. За прв пат се сретнавме со тоа дека можи внуката на најголемио газда да ја дат кај ѓупците во циркусо, мајката на бебето да умри при пораѓај. После то да се заљуби во сино на дедо му шо по некоја логика му паѓа вујко, кој уствари не му е син на дедо му, туку е вонбрачен син на жена му од дедо му, на Касандра правата баба, од друг маж. А овој вонбрачнио има ќерка со слугинката, која шо ја посвоја од мала и цело време му е како брачеда, а уствари му е ќерка, а овој појма нема. А таја Доринда, не му беше вистинска баба на Касандра, туку слугата му ја однесе таму да ја чуват. Само една работа остана неразјаснета, тој слоно од кај се појави ??? Не кажаја ништо умре во 20та епизода, а многу ми личеше на Доринда, да не беа рода??? Останува една моја мистерија…
Ваквите настани и пресврти, врз македонскиот народ делуваа како дрога, а доказ за то е шо до ден денешен неможиме да се оттргниме од наркотико шо ни го пушти Касандра на времето. Па од ко заврши упорно ја баравме во еден куп други слични случаи како шо беа на пример, Росалинда, Есмералда, Паола и Паолина Мартинез и плеада други во кои нигде не ја видовме Касандра. Дури и најголемио сер. Цане Николовски, Касандра ја отпеа во една своја песна, која свое времено беше и голем хит. Еден краток период сменавме и на хрватската, каде се понадевавме дека ќе се појави некоја достојна да ја замени нашата хероина, но и таму ништо. За сега почнувајќи од Шехерзад и Ѓумуш, да ја бараме новата Касандра во турските серии кои мамата ни ја расплакаја во буквална смисла, а за Малечката невеста, немам зборој, почна ко бев 8мо, евеја сега цела магарица се напрај.
Mене искрено само едно ме плаши, а то е да не почниме и ние да прајме некој вакви серии, оти ќе стани ептен големата, еден филм од 3 сати Столе Попов сними 800.000 евра мече се напрај, ами ако се снимат 30-40 епизоди, ќе има милионски криминал, само од то ми е страв !!!
Виктор А.К.А Башлак