За само 8 минути – распродадени сите билети за Пелистер – Барселона!
Еуфорија во Битола!

За само 8 минути по пуштањето во продажба, распродадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Еурофарм Пелистер и Барселона, што ќе се одигра во среда, 15 октомври, со почеток во 20:45 часот, во салата „Боро Чурлевски“.

Ова е уште една потврда дека Битола живее за ракомет. Навивачите на Пелистер повторно покажаа огромна љубов и поддршка кон клубот, а атмосферата што се очекува в среда ветува ракометен спектакл каков што ретко се гледа дури и во Европа.

Барселона доаѓа како апсолутен фаворит и најтрофеен клуб на континентот, но битолчани не се плашат. Напротив — мотивирани се да одиграат со срце, пред својата публика и да покажат дека „Боро Чурлевски“ е терен на кој никому не му е лесно.

„Ова е историски натпревар за нас. Благодарни сме за поддршката – оваа публика е нашата најголема сила,“ изјавија од клубот по рекордната распродажба.

Во среда навечер, очите на европскиот ракомет ќе бидат вперени кон Битола.

Само 8 минути беа доволни – за да покаже Битола колку го сака својот Пелистер.