За прв пат после 58 години историски сениорски медали – сребро и бронза за КК „Заншин ДО“- Битола

од April 3, 2025 0 коментари

На 29.03.2025 год (сабота) во општина Ѓорче Петров –Скопје се одржа државно првенство за сениор. К.К.“ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА настапи во две категории и тоа во ката тим жени и ката тим мажи . За прв пат после 58 години од кога постои КФМ каратистите од Битолка на пиедестал во сениорска категорија . Битолчани се закитија со два пехари , сребрен и бронзен медал.

Со сребрен медал во ката тим мажи се закитија: Давид Стојчевски, Михаил Марковски и Тони Кулевски додека со бронзен медал во ката тим се закитија : Стефанија Петковска, Леона Алиловска и Емилија Илковска.

Започнуваќи од претходната сезона 2024 год па продолжуваќи сега се нижат успеси со историски пресврт за Битола во КФМ . Горда сум како тренер бидеќи овие резултати кои ги постигнуваме како клуб ја издигнуваат Битола на пиедестал со врвните каратисти во државата“ ни изјави тренер Стевка Јанковска Петковска.

Babam Bitola

Comments are closed.