Дембел чаршија го добила името по тројцата дембели што изгореле во пожар во ан. Спиеле на кревети на спратови и се запалил анот. Првиот дембел мириснал дека нешто гори и рекол „абе нешто гори“, вториот “ами ај да бегаме“ , а третиот „како не ви е мака дазборате“ и изгореле тројцата. Оттаму и чаршијата се нарекува Дембел чаршија. Е, дами и господо во Битола е обратно. Мангупо кај нас е џентлмен, учтив, културен, работлив, достоен на дадениот збор, поштен, сегде го има, ништо без него не почнува и безнего не завршва. Тие се секогаш најпосакувани гости по ресторани, кафичи, клубој оти трошат најмногу пари , а и знат често да остат голем бакшиш. Единствена мана на овие мангупи е шо сакат да се пофалат за своите подвизи, независно дали на љубовен план или на бизнис и сакат да бидат во центар на внимание. Ваквите мангупи кај нас ги викаме Кабадаии. Исто така кај нас е добро познато дека мангуп можиш само да се родиш, а неможиш да се прајш, а не можиш ни да станиш, оти во мангупраењето се нешто или ќе ти фали или пак ќе имаш од поќе. Сега сакам да ви раскажам една приказна шо ми ја кажваше дедо ми стално, а ќе пробам да ја доловам буквално.

Имало порано некој селски мангуп или Голич кабадаииа по наше, дошол во Битола да продава “Пуфки” шо велат старите. Бил многу убо дотеран, со убај чели, со сако и пантолони кроени од најуба басма. Пантолоните биле толку убо испеглани шо можиш од работ да се сечиш. Бил многу личен, а и од гимназијата многу чупиња го засакале. Ги земал чупињата со пајтон и ги носел по меаните на Дембел чаршија. Јаделе, пиеле, а мангупо на меанџијата му велел да го пиши есапо и на крајо од месецо дека ќе плати. Меанџијата ко меанџија, знаел дека овдешните мангупи на крај месец плаќаат, па дури и преплатуваат , па есапо му го клал близу до на Алтипармак.

Поминал месецо, заминал вторио, мангупов уште се перчи и кофрчи, па дури шо велат Прилепчани почнал и “Чифтиња да врла”. Тера вара време, се собрале меанџиите да видат, муабет да чинат , да се договорат шо ќе прат со мангупо шо не плаќа. Се распрашале, тој да ти бил син на некој трговец од Штип, ошол Кривашиа напазар во Штип , па од татко му собрал 7000 гроша за да го плати долго во Битола, арно ама се вратил со аманет, да го начекат негде мангупов во темнина и со црна торба на гла да му напрат капица.

Толку многу го истепале шо никој поќе ниту го видел ниту пак слушнал за него . А мнозина мавале со мотки и ластегарки и со по некој камен. По некое време на битолскиве мангупи многу тешко му паднало оти напрајле така и се договориле поќе по сокаци да не се тепат отие многу страмота од чупињата, а и од светов,оти не личи битолски мангупи да се тепат, многу е ниско нечоечки, малограѓански и ептен селски.

Непознат автор