Запросување на сцената на „Илинденски денови“ – емотивен момент по настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“

од July 29, 2026 0 коментари

Публиката на 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ вечерва беше сведок на еден од најемотивните моменти во програмата.

По настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“, пејачот и игроорец Никола Зацески пред бројната публика ја побара за жена својата долгогодишна партнерка Наталија Цветкова.

Облечени во македонски народни носии, двајцата го одбележаа овој значаен животен миг токму на фестивалската сцена, каде што традицијата, културата и заедништвото се во центарот на вниманието.

Предлогот за брак беше поздравен со долг аплауз од публиката и нивните колеги, кои заедно со младата двојка ги споделија емоциите од овој несекојдневен настан.

Запросувањето претставуваше уште еден впечатлив момент од годинашното издание на „Илинденски денови“, покажувајќи дека фестивалот не е само место за негување на фолклорот, туку и простор каде што се создаваат спомени за цел живот.

На Никола Зацески и Наталија Цветкова им посакуваме многу среќа, љубов и заеднички успеси во идниот живот.

56. ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ Точка на поврзување

Babam Bitola

Comments are closed.