Почитувани љубители на ракометот
РК Еурофарм Работник за новата ракометна сезона 2019/20 година воведува современ начин на онлајн продажба на билети за престојните натпревари во Лигата на шампиони, СЕХА лигата и Македонската ракометна супер лига. Интернет адресата на веб платформата за онлине продажба на билетите е www.kartieurofarm.mk, и на истата може да ги најдете сите потребни информации поврзани со начинот на купување на картите.
На оваа веб локација можете да купите билети за престојните натпревари, и тоа:
– Блок полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони и СЕХА лига за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 850 денари.
– Полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 000 денари.
– Полусезонски билет за сите натпревари во СЕХА лигата за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1 000 денари.
– Единечна карта за секој натпревар посебно – 250 денари.
Како новина, од оваа година ги воведoвме нумерираните ред и седиште на секоја карта, со што секој љубител на ракометот ќе има прилика да си одбере место за седење кое ќе му биде загарантирано.
Онлajн продажбата на билети ќе започне во четврток, 22.8.2019 година во 15:00 часот. На порталот за онлине продажба ќе може да се купат блок полусезонските билети за Лигата на шампионите и СЕХА лига како и полусезонски билети поединечно за СЕХА и Лигата на шампионите. Продажбата на овие билети ќе биде отворена во периодот од 22.8.2019 до 29.8.2019 година. Купените онлине билети во овој период (во принтана хартиена форма ) ќе треба да се заменат со трајни пластифицирани билети/картички. Замената на истите ќе се врши во туристичката агенција „S – TRAVEL“ (ул. Моша Пијаде бр.8 Битола, Стара чаршија) почнувајќи од 30.08.2019 година.
На 30.08.2019 година во онлајн продажба ќе бидат пуштени и поединечните билети, како и блок и полусезонските билети доколку предходно количините на истите не се потрошат.
Продажбата на билети на продажни места во Битола ќе започне исто така на 30.08.2019 година, за што ќе следува дополнително соопштение.
РК Еурофарм Работник