Започна и скијачката сезона во ски-центарот “Копанки” (галерија)

од January 8, 2017 0 коментари

​Снегот кој падна изминативе денови на Пелистер, овозможи почеток на новата скијачка сезона во ски – центарот „Копанки“. Скијачкиот центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата скијачка сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе бидат ставени двете жичарници и ски – лифта во ски – центарот „Копанки“.

И годинава ќе важат истите цени на ски – билетите. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет чини 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница чини 100 денари, а тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика“и тридневен ски – билет е по цена од 5.500 денари.

Ве очекуваат вас заеднички да започнете уште една успешна скијачка сезона на Пелистер!
Извор ФБ профил Ски-центар “Копанки” Пелистер

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *