Во празнична атмосфера, детските раце со многу внимание и љубов создаваат симбол на радоста и заедништвото, претворајќи едноставно парче хартија во празнична магија. Просторот е исполнет со детска насмевка, креативност и духот на Бадник, кој секоја година ги собира најмладите битолчани околу една иста традиција.

Подготовките се дел од активностите што ѝ претходат на Бадниковата поворка, настан кој со години го негува празничниот дух и ги обединува семејствата во градот под Пелистер.